Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 13 поени во денешната победа на неговиот тим Уникс Казан во рамките на 11. коло од ВТБ лигата. Уникс на домашен терен ја оствари 10-тата победа, откако со 94:86 беше подобар од екипата на Самара.
Нашиот „плеј“ одигра близу 30 минути од мечот во кој имаше 5/8 за два поени и 3/3 од линијата за слободни фрлања.