Дробаров заврши со Сараево, најавено заминување и на Аврамовски

631

Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров кој во јуни дојде како големо засилување во одбраната на Сараево, по пет месеци заминува од сараевскиот клуб.

Како што објавија тамошните медиуми оваа зима ќе си замине од „бордо“ дресот на сараевчани. Дробаров имаше едногодишен договор со Сараево, но по првиот дел од сезоната, тој заминува од клубот. Прекинот на соработката попладнево беше и официјално потврден со клупско соопштение.

Меѓу оние кои исто така е најавено дека ќе си заминат од „Кошево“ е и вториот наш интернационаец, Даниел Аврамовски.

ПретходноАнгличаните не се плашат од катарските закони: Ги покажа градите и доби овации (ВИДЕО)
СледноСе јави Колина: Не се чудете, ќе има долги продолженија на полувремињата