Утре со почетпок во 14:30 часот, на стадионот на Анортизис на Кипар, нашата млада репрезентација до 21.година во пријателски натпревар ќе ги одмери силите со соодветната селекција на Србија. Ова ќе биде втор “тест“ за избраниците на селекторот Драган Канатларовски, ако се знае дека пред неколку дена одигравме 1:1 против домашниот состав.
Во нашиот табор атмосферата е позитивна, се работи и тренира напорно во очекување на утрешниот меч. Владее оптимизам посебно по добрата игра против домашниот репрезентативен тим која за жал не беше ефектуирана со победа.
Од таборот на нашите надежи се ветува максимално залагање и дека ќе се оди на победа против силниот состав на Србија.