Ѓоковиќ се воодушеви кога го виде Златан Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

757

Новак Ѓоковиќ го израмни рекордот на Роџер Федерер, дојде до шестата АТП титула на завршните Мастерс турнири, откако во Италија го победи Каспер Руд.

Многу познати личности од Италија ја искористија приликата на сцената да го погледнат еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а тоа го направи и легендарниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ уживаше во финалниот меч во Торино со сопругата Хелена, а по церемонијата отиде да му честита на Ѓоковиќ за уште една голема победа.

Српскиот тенисер се изненади кога го виде Ибрахимовиќ со кој се запознал претходно, на крајот направија заедничка фотографија.

Она што особено ги воодушеви навивачите од овие простори е тоа што Златан и Новак не зборуваа на англиски, а Ибрахимовиќ покажа дека се уште доста добро го зборува босанскиот јазик, иако тоа не го прави толку често во јавноста.

 

ПретходноФренки де Јонг: Се гледам себе си во Барселона во следните 8-10 години
СледноХаос на СП: Десет репрезентации подготвуваат бунт против ФИФА!