Трет дена на Мундијалот, но прв со комплетна програма, со четири меча. Фудбалскиот маратон започнува во 11 часот и тоа со Лео Меси и неговата Аргентина која за противник ќе ја има селекцијата на С. Арабија.
Ова на Меси ќе му биде петти Мундијал, петта шанса, и последна, да дојде до пехарот кој му недостасува. Уште на првиот меч во Катар ќе видиме дали Меси и “гаучосите“ се подготвени за остварување на сонот.
Од 14 часот на програмата е дуелот меѓу Данска и Тунис. Можеби не толку атрактивен меч, но како играат Данците се очекува голеада, уште ако Тунис одговори со напад, е тогаш ќе уживаме.
Следува мечот Мексико –Полска. Ќе видиме што можат Левандовски и компанија против селекцијата која секогаш на Мундијалите игра со посебен шарм.
И за крај на денешната програма ќе го видиме Килијан Мбапе и неговата Франција против Австралија. Франција ја брани титулата, но Франција е „ранета“…без Бензема, Канте, Погба, Кимпембе, можеби и Камавинга.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА:
11:00 Ч
ГРУПА-Ц (1.КОЛО)
АРГЕНТИНА – С.АРАБИЈА
Стадион: Лусаил (Лусаил)
14:00 Ч
ГРУПА-Д (1.КОЛО)
ДАНСКА – ТУНИС
Стадион: Едукатион Сити (Ал Рајан)
17:00 Ч
ГРУПА-Ц (1.КОЛО)
МЕКСИКО – ПОЛСКА
Стадион: 974 (Доха)
20:00 Ч
ГРУПА-Д (1.КОЛО)
ФРАНЦИЈА – АВСТРАЛИЈА
Стадион: Ал Жануб (Ал Вакра)