Куманово на денешниот меч (18 часот) против МЗТ Скопје во составот ќе биде без Американецот Метју Кели.
Раководството на клубот и плејмејкерот кој одигра пет натпревари спогодбено ја раскинаа соработката. Американецот беше еден од најдобрите стрелци со ефект од 11,6 поени на кои додаде 3,6 асистенции и 3 скокови.
Од управата информираат дека нови детали околу неговата замена која ќе биде исто така странско засилување, се очекуваат дури после натпреварот со МЗТ.
Куманово е последен на табелата во Првата лига со една победи и четири порази, на другата страна МЗТ Скопје ќе ја брка петтата победа.
ФОТО: Фан страна на Куманово/Facebook