Мендеш тргна во акција, го носи Роналдо во Челзи?

789

Кристијано Роналдо би можел да заврши во Челзи. Вечерва новинарот на Си-Би-Ес, Бен Џејкобс, јавува дека менаџерот на Португалецот откако беше објавена веста за раскинување на договорот меѓу Роналдо и Манчестер Ј. веднаш имал средба со сопственикот на Челзи, Тод Боли.

Ко-сопственикот на Челзи е искушуван од Мендеш да го ангажира 37-годишниот Португалец, затоа што „сините“ практично ќе го добијат Роналдо за џабе.

Џејкоб тврди дека Боли е заинтересиран за ангажман на Роналдо, но бара од Мендеш да прифатат сериозно намалување на неговата плата. Прашање е дали Грем Потер сака да го види Роналдо во тимот, бидејќи некои шпекулации велат дека тој има спротивставени мислења од Боли.

ПретходноФенер го доби дербито со Монако, Ц. Звезда триумфално кај Алба
СледноРаул Гонзалес си оди од ПСЖ, Унгарија нова дестинација!