Новинарки предизвикаа бес во Катар

280

Познато е дека Катар и ФИФА им забранија на играчите и навивачите да носат какви било симболи на натпреварите на Светското првенство во знак на поддршка за ЛГБТК+ популацијата, но некои од нив најдоа начин да внесат предмети во боја на виножито на стадионот, предизвикувајќи гневот на локалното население.

Во центарот на вниманието на вчерашниот натпревар меѓу Англија и Иран, новинарката на Би-Би-Си, Алекс Скот, ја носеше контроверзната капитенска лента и на тој начин ја поддржа ЛГБТК+ популацијата, што не и се допадна на катарската јавност.

Сепак, Скот не беше единствената новинарка кој вчера успеа да ја донесе лентата „Една љубов“ на стадионот бидејќи германската новинарка Клаудија Нојман отиде чекор понатаму.

Познато е дека јавноста во Германија дури побара и бојкот на СП во Катар поради се што се случува во таа земја, вклучително и поради одлуката да не се носат симболи во боите на виножитото на стадионите.

Нојман се појави во маичка со виножито срце на неа, а со тие карактеристики се појави во живо на програмата на ЗДФ од натпреварот САД-Велс, што ја воодушеви јавноста во Германија, но и во поголемиот дел од светот.

ПретходноНуркиќ настрада во налетот на грчкиот ѕвер, Чикаго го сопре Бостон (ВИДЕО)
СледноТурниската фаза во „ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“ на 2win.mk  заврши, следува среќно тркало!