Полувреме: Меси од пенал и Аргентина со водство! (ВИДЕО)

126

По првите 45.минути на својот прв меч еден од најголемите фаворити за титулата на Мундијалот, репрезентацијата на Аргентина против С. Арабија води со 1:0 и тоа со голот на Лео Меси од пенал во 10.минута. Пеналот беше досуден откако реагираше ВАР по фаулот над Паредес. Судијата Славко Винчиќ од Словенија откако ја прегледа ситуацијата покажа на белата точка а Лео Меси беше прецизен.

Од друга страна ВАР поради офсајд регаираше во неколку наврати, им поништи три гола на Аргентинците. 

Доминација на „гаучосите“ кои водат само со 1:0. Интересно полувреме, со многу настани. Фановите на Аргентина уживаат.

 

ПретходноСтефан Ристовски: Еднаш Вардар, засекогаш Вардар (ВИДЕО)
СледноСе подготвува големо изненадување на „Олд Трафорд“ – Ерик тен Хаг станува поранешен?