Австралија ги „стресе“ Французите, но светскиот првак со пресврт води на полувреме (ВИДЕО)

119

Извонредни први 45 минути на денешниот последен меч на СП во Катар. Во 1. коло од групата „Д“, Австралија приреди вистински шок за светскиот шампион, откако Гудвин во 9. минута погоди за водство на „кенгурите“ од 1:0. Згора на тоа Франција остана и без левиот бек Лукас Ернандес, кој токму во акцијата од која Австралија поведе се повреди.

 

Сепак, момците на Дидие Дешан брзо се вратија. Со голот на Рабио во 27. минута израмнија на 1:1, а фуриозното продолжение на мечот донесе нов гол на Жиру со кој Франција направи комплетен пресврт за да замине на пауза со предност од 2:1.


 

Австралија можеше да израмни во надополнувањето, но идарот на Ирвајн заврши во десниот дирек на Лорис.

ПретходноАтлетико разгледува варијанта да го позајми Феликс во јануари
СледноВалтер: Против тим како Фуксе Берлин не смееш да промашуваш!