Атлетико разгледува варијанта да го позајми Феликс во јануари

192

Раководството на Атлетико Мадрид ја разгледува можноста да го позајми Жоао Феликс на друг клуб во вториот дел од сезоната, пренесува шпанскиот спортски весник „АС“. „Јорганџиите“ сакаат да го продадат младиот напаѓач за кого платија 120 милиони евра во 2019 година, но до сега никој не доставил примамлива понуда.

Поради таа причина од „Метрополитано“ донеле одлука да го позајмат во друг тим, за да се ослободат од неговата плата до крајот на сезоната и на тој начин фудбалерот да се обиде да ја врати формата, па летоска клубот да проба да го продаде.

„АС“ пишува дека Манчестер Јунајтед може да биде неговиот нов клуб за вториот дел од сезоната, после караницата со Кристијано Роналдо и неговата се посигурната разделба со тимот од „Олд Трафорд“.

ПретходноСе огласи Роналдо: Време е за нов предизвик!
СледноАвстралија ги „стресе“ Французите, но светскиот првак со пресврт води на полувреме (ВИДЕО)