Ашаданов одбра за Белгија, без Митрашиновиќ и Муса протв Белгија!

182

Со вечерашниот тренинг реализиран во салата на СРЦ „Кале“, женската сениорска репрезентација на Македонија ги заврши мини подготовките за двата натпревари од вториот круг од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2023 година.

Првиот, нашите кошаркарки го играат на 24. ноември (четврток) на гостински терен, против репрезентацијата на Белгија, и три дена подоцна, на 27. ноември, во Скопје, кога ја дочекуваат Германија.

По неколку одработени тренинзи, и официјализацијтата на здравствениот билтен во кој беше вклучена капитенот на нашата женска сениорска репрезентација, Анџелика Митрашиновиќ, селекторот Александар Ашаданов и неговиот асистент Атанас Димов го дефинираа и составот со кој ќе играме против фаворитот во групата „А“ од квалификациите за ЕП 2023.

„Денеска за прв пат работевме во комплетен состав, односно на тренинг беа и кошаркарките кои настапуваат во странство, односно со нас на утринскиот тренинг беа и Александра Стојановска, Нена Трајчевска, Ивана Кметовска и Матеа Николиќ. Во изминатите неколку дена се обидовме да поставиме некоја игра за она што ни следува. Но јасно е дека во тој наш систем на играње ќе треба да ги внесеме и овие четири кошaркарки. Немаме многу време, но она што го имаме ќе го искористиме за тактичка подготовка за средбата со Белгија“– вели селекторот Ашаданов, кој се соочи со голем проблем во пресрет на овој „прозорец“.

Имено, за двата натпревари со Белгија, потоа и Германија, нема да може да смета на капитенот Анџелика Митрашиновиќ, која има здравствени проблеми.

„За жал овие два натпревари ќе мора да ги играме без нејзината помош. Лекарските наоди покажаа дека Анџелика не е во можност да ги издржи напорите кои со себе ги носи патувањето за Ловен, и играњето на овие натпревари со сериозни ривали. Во тимот ќе ја нема ниту Едина Муса, со што во одредена мерка го намалуваме степенот на искуство во ростерот“ – потврдува Ашаданов за отсуството на две важни кошаркари од оној финален тим.

Затоа, на пат за Ловен, рано изутрина ќе тргнат 12. кошаркарки:

Нена Трајчевска, Александра Стојановска, Матеа Николиќ, Ивана Кметовска, Јелена Антиќ, Илина Селцова, Марија Димитријевиќ, Цветанка Димова, Сања Адамовска, Катерина Поп-Димитровска, Михаела Алексовска и Мерит Хемпе

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Роналдо и Јунајтед „раскинаа“
СледноСекој играч на С.Арабија ќе добие бонус од 1,5 милиони долари