Битола на нозе: Е.Пелистер сонува за чудо против Фуксе Берлин

145

Е.Пелистер продолжува со обврските во Европската лига, македонскиот вицепрвак е домаќин на Фуксе Берлин во меч од третото коло. Бундес-лигашот е фаворит на оваа средба, но тоа пак не ги спречува фановите, ниту пак ракометарите да сонуваат за чудо.

Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место, Е.Пелистер ќе ја бара првата победа оваа сезона, има еден пораз, токму на домашен терен и едно реми, се наоѓа на четвртото место на табелата, каде лидер е токму Фуксе Берлин.

„Фуксе Берлин е склоп на ѕвезди, германски репрезентативци и интернационалци. Мислам дека се конкуренти за сите титули, играат брз ракомет, имаат одлична одбрана, потпомогнати со добри голмани. Тука е Милосављев, кој мислам дека две години е најдобар голман во Бундеслигата. Тие се сериозна екипа и треба и ние да сме подготвени, да имаме среќен ден и поддршка од публиката. Така може да ја израдуваме битолската публика и да направиме чекор напред во групата. Секој натпревар е ново докажување, нова шанса за одличен натпревар. Имаат густ натпревар, играат секој втор ден, патуваат… Во Битола нема натпревар без притисок, така ќе биде и во вторник, но со мирна глава и добра подготовка имаме наша шанса“, изјави Жарко Пешевски пред мечот кој добро го познава германскиот ракомет. 

Дуелот меѓу Е.Пелистер и Фуксе Берлин е закажан со почеток во 18:45 часот.

ПретходноКристијано Роналдо во издание кое ретко се гледа (ВИДЕО)
СледноСтефан Ристовски: Еднаш Вардар, засекогаш Вардар (ВИДЕО)