Валтер: Против тим како Фуксе Берлин не смееш да промашуваш!

106

Е.Пелистер го запиша вториот пораз во Европската лига, втор на домашен терен. Фуксе Берлин ја оправда фаворитската улога, од Битола си замина со убедлива победа од 43-34.

Тренерот, Ларс Валтер проблемот го гледа во неискористените шанси, како и проблемот со враќањето.

„Честитики до Берлин, ова не е изненадување. На почетокот беше подобро, имавме голем проблем со враќањето, противникот знаеше да казни, ни се случува по вторпат, претходно беше против Веспрем, трет пат е премногу. Ми се допаѓа што во второто полувреме бевме подобри. Се надевам дека научивме нешто, не искористивме многу шанси, неколку седмерци што пак е многу за еден како Берлин. Многу е тешко кога немаше играчи за ротација, за мене беше важно дека не се предадовме. Имаме повредени играчи, се надевам дека ќе ја преживееме овој период. Овој меч мора да го искористиме за следната средба“, изјави Валтер по завршување на мечот.

Следен предизвик за битолскиот тим во Европската лига е Мотор Запорожје.

ПретходноАвстралија ги „стресе“ Французите, но светскиот првак со пресврт води на полувреме (ВИДЕО)
СледноНоле не и даде на Швјонтек да биде прва на листата на тенисери со најдобра заработка