Актуелниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола одлучил да го продолжи договорот со гигантот од Манчестер, пренесува „The Athletic“. Според изворот, шпанскиот стручњак се согласил на условите кои му ги понудиле од клубот, па ќе стави потпис на нов договор со важност до летото 2025 година.
Како дополнување, Гвардиола ќе има поголем уддел во трансфер стратегијата на Манчестер Сити, вклучувјќи ги и продолжување на договорите на играчите.
Инаку Гвардиола е во Сити од 2016 година и досега освои четири премиерлигашки титули, еден ФА куп, четири Лига купа, два Суперкупа но се уште нема трофеј од ЛШ.