Шпанската АСОБАЛ-лига одлично му „легна“ на македонскиот ракометар, Димитар Димитриоски. Речиси секое коло е во центарот на вниманието, главна причина за радоста во редовите на неговиот тим Ваљадолид.
Во минатото коло постигна седум гола, еден од нив е вистински ремек дело. Токму неговата „вртенка“ е прогласена за втор најдобар погодок во шпанскиот шампионат.