На Светското првенство во Катар досега видовме неколку скандали, меѓу кои и заминувањето на локалните навивачи од стадионот на половина час пред крајот на натпреварот. Разочарани од резултатот против Еквадор се спакуваа и се упатија кон своите домови, но имаше и такви кои останаа на стадионот. Иако јапонската репрезентација не играше на првиот ден од турнирот, нивните навивачи станаа хит.
Јапонците по натпреварот меѓу Катар и Еквадор го исчистија ѓубрето на сите трибини на стадионот. Овој потег предизвика шок кај локалните фудбалски фанови, кои ја снимија сцената и ја објавија на социјалните мрежи. Еден од нив успеал да разговара и со неколку фанови од Јапонија, кои му откриле дека тоа не го прават поради популарност или снимки на социјалните мрежи, туку едноставно затоа што чистењето е дел од културата.
„Јапонците не оставаат ѓубре зад себе“, рече една навивачка на јапонскиот фудбалски тим додека го собираше ѓубрето од трибините заедно со нејзините сонародници. Јапонците уште еднаш покажаа дека се многу добро организирани бидејќи во рацете имаа големи вреќи за ѓубре, во кои можеа да натоварат се што е потребно за да останат чисти трибините на стадионот во Доха.
Погледнете како го направија тоа:
Japanese fans at the opening World Cup match cleaned up the stands after Qatar-Ecuador. 🇯🇵
Most respectful fans in the world. 👏
🎥 IG/qatarlivingpic.twitter.com/yZHhe0sQNw
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 21, 2022