Кристијано Роналдо во издание кое ретко се гледа (ВИДЕО)

596

Репрезентацијата на Португалија во одлична атмосфера го дочекува првиот натпревар на Мундијалот, а во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо кој многумина остави без зборови кога ја слушнаа смеата на еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Од таборот на Португалија синоќа објавија видео кое изненади многумина, пред се поради гласното смеење на Роналдо. Истото за многумина беше прилично чудно, бидејќи сметаат дека Роналдо со сила се обидува да покаже колку е „среќен“.

Фудбалерите на Португалија имаа интересна средба пред камерите и задача да се нацртаат, а Роналдо доби задача да го нацрта Пепе.

Сепак, неговиот цртеж не беше најдобар и насмеа многумина, а изгледа и самиот Роналдо почна неконтролирано да се смее, што никогаш не сме го виделе од него иако на фудбалската сцена е речиси 20 години.

Португалците првпат на ова Светско првенство ќе ги видиме во четврток кога ќе играат против репрезентацијата на Гана, а натпреварот е закажан за 17 часот.

ПретходноСрбин кој играл со Марк Гасол го засили МЗТ Скопје
СледноБитола на нозе: Е.Пелистер сонува за чудо против Фуксе Берлин