Куманово пред дуелот со МЗТ Скопје се раздели со Американецот Кели!

94

Куманово на денешниот меч (18 часот) против МЗТ Скопје во составот ќе биде без Американецот Метју Кели.

Раководството на клубот и плејмејкерот кој одигра пет натпревари спогодбено ја раскинаа соработката. Американецот беше еден од најдобрите стрелци со ефект од 11,6 поени на кои додаде 3,6 асистенции и 3 скокови.

Од управата информираат дека нови детали околу неговата замена која ќе биде исто така странско засилување, се очекуваат дури после натпреварот со МЗТ.

Куманово е последен на табелата во Првата лига со една победи и четири порази, на другата страна МЗТ Скопје ќе ја брка петтата победа.

ФОТО: Фан страна на Куманово/Facebook

ПретходноДимитар Димитриоски го има вториот најдобар гол во АСОБАЛ-лига (ВИДЕО)
СледноКатар се фали со бројки на посетеност кои се невозможни!