Левандовски утна пенал, Мексико и Полска поделија по бод

111

Се комплетира првото коло во групата Ц, а Полска и Мексико си освоија по бод откако на меѓусебниот дуел одиграа без голови. Мечот на стадионот „974“ во Доха го одбележа промашен пенал од страна на полскиот тим.

Најдобриот нивни играч Роберт Левандовски шутираше пенал во 58 минута, но мексиканскиот голман Очоа одбрани.

Во оваа група Саудиска Арабија е прва по триумфот над Аргентина со 2:1. Идното коло Аргентина ќе игра со Мексико, додека Полска ќе се соочи со Саудиска Арабија.

 

ПретходноНа ФИФА и сметаше зборот „ЉУБОВ“ и го забрани белгискиот дрес на СП
СледноОФИЦИЈАЛНО: Роналдо и Јунајтед „раскинаа“