Кристијано Роналдо би можел да заврши во Челзи. Вечерва новинарот на Си-Би-Ес, Бен Џејкобс, јавува дека менаџерот на Португалецот откако беше објавена веста за раскинување на договорот меѓу Роналдо и Манчестер Ј. веднаш имал средба со сопственикот на Челзи, Тод Боли.
Ко-сопственикот на Челзи е искушуван од Мендеш да го ангажира 37-годишниот Португалец, затоа што „сините“ практично ќе го добијат Роналдо за џабе.
Џејкоб тврди дека Боли е заинтересиран за ангажман на Роналдо, но бара од Мендеш да прифатат сериозно намалување на неговата плата. Прашање е дали Грем Потер сака да го види Роналдо во тимот, бидејќи некои шпекулации велат дека тој има спротивставени мислења од Боли.