Меси: „Како сме? Мртви! Не очекувавме ваков старт“

1166

Аргентина доживеа пораз од 1:2 од Саудиска Арабија на стартот на Мундијалот. Еден од фаворитите за трофејот предводен од Лионел Меси водеше на полувреме, но во второто прими два гола и доживеа пораз.

Меси зборуваше за мечот, проба да го објасни поразот од аутсајдерот на мечот и за следните натпревари, против Мексико и Полска на кои сега немаат право на грешка.

Ова е тежок удар за сите, како за нас така и за народот (фановите). Не го очекувавме ова. Се случи што се случи, сега треба да размислиме за она што доаѓа и добро да се подготвиме. Дадовме гол, имавме многу шанси, мислевме дека ќе имаме уште и ќе бидеме подобри. Избрзавме и погрешивме. Тие направија 2:1 и ние почнавме да се плеткаме, да губиме концентрација, да играме очајно не можевме да се поврземе.

Паднавме во нивна стапица. Не излеговме од неа. Како што одминуваше времето стануваше се потешко. Знаевме дека С.Арабија добро ја движи топката, им се допадна тоа што ја имаат топката во своите нозе и подаваа најчесто по страничните позиции. Ние многупати запаѓавме во офсајд, а тие добро го трошеа времето.

Не сум задоволен од резултатот, чувствувам горчина, но мораме да се кренеме и да мислиме на тоа што следува“, изјави Меси.

На прашањето како се чувствуваат фудбалерите во соблекувалната после мечот:

Мрви! Не очекувавме ваков резултат на стартот на СП. Кај нас владее победнички менталитет и така одиме на секој меч, а победата ќе ни донесеше состојба на мир. Сега се чувствува немир во редовите. Сепак, јас верувам во оваа група, обединети сме и ќе направиме се да го победиме Мексико“, додаде Аргентинецот.

ПретходноДанска и Тунис без голови
СледноПалмеирас одбил 80 милиони евра од ПСЖ за две свои деца