МЗТ Скопје го совлада Куманово со 86-72 во последниот меч од шестото коло во Прва лига. Актуелниот македонски првак го запиша петтиот триумф, на оваа средба штедеше сили за АБА-лига.
Дамјан Стојановски постигна 12 поени, зад него со по 10 поени беа Војдан и Мицовиќ. На другата страна Ален имаше 20 поени и осум скока.
Првата четвртина мина изедначно (17-17), избраниците на Александар Петровиќ нешто подобро одиграа во следниот период, го добија со 19-13 и на одморот заминаа со позитива од 36-30.
Третата четвртина беше решавачка, МЗТ Скопје го подигна нивото, па во последните десет минути влезе со предност од 64-43, доволно за мирен финиш. На другата страна Куманово ја искористи опуштеноста на противникот, успеа
Актуелниот македонски првак го чека АБА обврска против Мега на домашен терен, тим кој има една победа повеќе, па е вистинска шанса за втор триумф оваа сезона, но и потврда дека на „сино-белите“ местото им е во елитната јадранска лига.