Младите со голот на Калкан ремизираа против Србија

897

Македонската репрезентација до 21. година одигра 1:1 на пријателскиот дуел против соодветната слекција на Србија одигран на Кипар. По ремито 1:1 против Кипар, избраниците на селекторот Драган Канатларовски одиграа идентичен резултат и против нашиот северен сосед.

Единствениот гол за нас на овој дуел го постигна Берат Калкан, со кој поведовме со 0:1, а потоа од пенал изедначи Митровиќ.

Покрај недосудениот пенал за нас токму над стрелецот Калкан во првото полувреме, во продолжението се истакна нашиот голман Алчевски со двојна интервенција, а Марио Илиевски имаше шанса „очи во очи“ но неговиот лоб обид заврши над гредата. Хамза Рамани одигра одлично по страна во една ситуација, асистираше на петерецот но не стигна никој да реализира. Во самиот финиш, Бехар Фета асистираше за Лука Становски кој малку доцни и не успева да реализира за нас и да донесе победа. Се на се, одличен дуел на нашите млади фудбалери кои пружаа и повеќе од солидна партија против квалитетен противник, и меч кој многу ќе ни донесе за периодот кој следува.

Македонија: Алчевски, Деспотовски, Рамадани, Стојчевски, Максимов, Тодоровски, Рамани, Крстевски, Малевски, Илиевски, Калкан

ПретходноПеп во Сити до 2025 година
СледноПочина човекот кој го откри Кирил Лазаров