На ФИФА и сметаше зборот „ЉУБОВ“ и го забрани белгискиот дрес на СП

176

Белгија ќе мора да ги менува резервните дресови за СП во Катар, наредбата доаѓа директно од ФИФА која не дозволува да се употребуваат политички симболи на големите турнири. Многу од репрезентациите сакаа нивните капитени да носат капитенски летни во боите на виножитото како поддршка на ЛГБТ заедницата, но од ФИФА предупредија дека ќе казнува и санкционира доколку тоа се случи, па истите се повлекоа.

Сега „Црвените ѓаволи“ ќе мора или да го извадат зборот „Љубов“ од дресот или да си набават нови без политички симболи.
Исто така ФИФА и забрани на Белгија да ги користи маичките/дресовите за загревање пред натпреварите на СП затоа што се премногу шарени.

ПретходноОд возбуда ја откорна вратата и ја фрли надвор по голот на Ал Давсари (видео)
СледноЛевандовски утна пенал, Мексико и Полска поделија по бод