Новак Ѓоковиќ ја победи Полјачката Ига Швјонтек во трката за најдобра заработувачка во светскиот тенис за 2022 година. И покрај некомплетната сезона, Ѓоковиќ стигна да освои пет титули, вклучително и трофејот на Вимблдон и финалниот турнир во Торино, што му донесе сума која го смести на врвот на оваа листа.
Откако изминатиот викенд го освои по рекорден шестипат финалниот АТП турнир, Новак подигна рекорден чек од 4.740.300 долари за освојување на трофејот без загубен натпревар. Швјонтек беше на чекор да влезе во историјата како прва жена во последните 20 години што ја предводи листата на тенисери со најдобра заработувачка во една сезона, но на крајот падна на второто место за само 59.057 долари.
Севкупно, Ѓоковиќ годинава инкасираше 9,93 милиони долари, при што речиси половина од нив дојдоа од неговата победа во АТП финалето. Швјонтек од друга страна, освои осум од 17-те турнири што ги одигра, вклучително и два грен-слема. Таа инкасираше 9,88 милиони долари.