Од возбуда ја откорна вратата и ја фрли надвор по голот на Ал Давсари (видео)

1881

Саудиска Арабија ја совлада Аргентина со 2:1 на старот на Светското првенство, а победничкиот гол го постигна Салем Ал Давсари. Ова е огромно изненадување, ако се знае дека „Меси и компанија“ дојдоа како големи фаворити за титулата.

Ова видео ја покажува радоста на навивачи на Саудиска Арабија по победничкиот гол на Ал Давсари. Од преголема возбуда, еден од нив ја откорна влезната врата и ја фрли надвор. Видеото се најде и на официјалната страница на ФИФА Светското првенство.

Во меѓувреме во Саудиска Арабија утрешниот ден (среда, 23 Ноември) е прогласен за празник и е неработен после фантастичната победа над јужноамериканскиот шампион.

ПретходноБруно Фернандеш му го честита јубилејот на Вардар!
СледноНа ФИФА и сметаше зборот „ЉУБОВ“ и го забрани белгискиот дрес на СП