Кристијано Роналдо веќе е слободен фудбалер откако денеска Манчестер Јунајтед соопшти дека обострано го раскинале договорот со Португалецот. Клубот му се заблагодари за придонесот и му посака се најдобро во иднина. Со тоа е ставен крај на сагата на Португалецот на „Олд Трафорд“, а сезонава беше турбулентна за него. Прво се скара со тренерите, па седеше на клупата, па одби да влезе како резерва, па беше казнет… На крајот се договорија дека вака не оди и ќе се раскине договорот и секој по својот пат.