Бразилски Палмеирас не сака да ги ослободи 16-годишниот Ендрик (фото) и 15-годишниот Естевао Вилијан иако за нив добил понуда од Пари Сен Жермен во висина од 80 милиони евра, пренесува бразилски „Еспорте“.
Ендрик е напаѓач, а неговиот соиграч е офанзивен играч за врска.
„Неколку клубови се интересираат за овие двајца фудбалери, а меѓу нив и ПСЖ. Од францускиот клб зборувале за можноста тие да се преселат на Паркот на принцовите, но Палмеирас ја одбил понудата“, пишува „Глобо Еспорте“.
Попрецизно ПСЖ испратил 50 милиони евра плус уште 30 милиони во форма на бонуси кои ќе бидат исплаќани во наредните години. Но Палмеирас наводно сакал најмалку 60 милиони евра чисти само за Ендрик (колку што изнесува откупната клаузула) затоа што се свесни дека тој има голем потенцијал набргу да стане светска фудбалска ѕвезда.