Од Англија предмалку пристигна информацијата дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го продолжил својот договор со клубот и наскоро истиот ќе биде објавен. Новата соработка е до 2025 година.
Гвардиола е дел од Сити веќе шест години за овој изминат период освои единаесет трофеји. Претходниот договор го обврзуваше на верност со Сити на уште една сезона, па менаџментот одлучи дека нема што повеќе да се чека со потпишувањето на новата соработка.