По првите 45.минути на својот прв меч еден од најголемите фаворити за титулата на Мундијалот, репрезентацијата на Аргентина против С. Арабија води со 1:0 и тоа со голот на Лео Меси од пенал во 10.минута. Пеналот беше досуден откако реагираше ВАР по фаулот над Паредес. Судијата Славко Винчиќ од Словенија откако ја прегледа ситуацијата покажа на белата точка а Лео Меси беше прецизен.
Од друга страна ВАР поради офсајд регаираше во неколку наврати, им поништи три гола на Аргентинците.
Доминација на „гаучосите“ кои водат само со 1:0. Интересно полувреме, со многу настани. Фановите на Аргентина уживаат.
⚽️Goal
Argentina 🇦🇷 1-0 Saudi Arabia 🇸🇦
Lionel Messi#FIFAWorldCup #Qatar2022 pic.twitter.com/7dyUPSNnGD
— FIFA WORLD CUP 2022 (PARODY) (@WCQatar22update) November 22, 2022