Почина човекот кој го откри Кирил Лазаров

1017

Тажни вести од Свети Николе. Почина денеска искусниот ракометен стратег Илчо Јанев, човекот кој долги години беше дел од РК Овче Поле и еден од првите со кој има работено нашиот најдобар ракометар на сите времиња Кирил Лазаров.

Искусниот стратег во изминатиот период беше дел од школата на КЛ7 во Свети Николе. Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи.

ПретходноМладите со голот на Калкан ремизираа против Србија
СледноДанска и Тунис без голови