Стефан Ристовски: Еднаш Вардар, засекогаш Вардар (ВИДЕО)

1083

Еднаш Вардар, секогаш Вардар, еднаш Комита цел живот на Запад. Скопските деца барем, оние вистинските се „проколнати“ да се навивачи на најголемиот македонски фудбалски клуб ФК Вардар.

Нема скопско дете кое не се пробало во школата на Вардар, популарната Кирил Симоновски Џина. Знаел не знаел, мора да се пробаш во Вардар. А таму селекција како да се запишуваш на Харвард. Само најдобрите, само најцврстите. Епа таков е нашиот капитен Стефан Ристовски. Репрезентативниот капитен. Она момче од скопскито асвалт кое успеа да стигне до фудбалските височини и кое со гордост го носи дресот на Македонија, но и се сеќава на ФК Вардар.

На клубот во кој порасна, клубот кој му ја даде шансата, клубот во кој му остана во срце. Во предвечерјето на јубилејот на ФК Вардар, 75 години, односно 35 години Комити Запад, популарниот Стеф со свој придонес околу целиот настан.

Посебно видео посветено на неговиот период минат во великанот од Скопје, и покана сите оние на кои Вардар им е во срцето, утре, на 23 ноември од 19:30 часот да се појават на Арената Тодор Проески, или по скопски кажано на „Гратски“ и да го проследат во живот ревијалниот дуел против Железничар од Сараево.

ПретходноБитола на нозе: Е.Пелистер сонува за чудо против Фуксе Берлин
СледноПолувреме: Меси од пенал и Аргентина со водство! (ВИДЕО)