Давид Бабунски е најдобро оценет играч за врска во Унгарија (ФОТО)

654

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски и официјално е оценет како најдобар играч за врска во шампионатот на Унгарија  на полусезоната.

Играчот на Мезоковешт одигра одлична полусезона, стана еден од главните играчи на клубот со што се гледа и по оцените на „WyScout“ популарната програма која е полна со статистички податоци и информации за секој поединец посебно.

Бабунски направи трансфер летово, откако си замина од тимот на Дебрецен, и очигледно дека конечно ја пронајде вистинската средина за себе.

Добива шанса и во репрезентацијата го стартуваше дуелот против Азербејџан и нормално ќе биде голем плус за претстојните квалификациски дуели напролет.

ПретходноСе подготвува големо изненадување на „Олд Трафорд“ – Ерик тен Хаг станува поранешен?
Следно„Земјотрес“ на Мундијалот во Катар, Саудиска Арабија ја совлада Аргентина (ВИДЕО)