Катар се фали со бројки на посетеност кои се невозможни!

139

На Светското првенство во Катар се одиграа четири натпревари, а веќе два беа во центарот на вниманието поради официјалната посетеност на нив. Организаторот на турнирот на два од нив објави бројки за посетеност кои тешко можат да бидат вистинити, а потоа се најде на удар на критики поради тоа, пишува Дејли Мејл.

На секој досега одигран натпревар се зголемуваше бројот на гледачи, но ова посебно се однесува на два меча. И покрај тоа што беше јасно дека трибините не се полни и дека има многу празни седишта, според официјалните бројки, имало повеќе гледачи отколку што може да собере стадионот.

Така, воведниот натпревар на Светското првенство меѓу Катар и Еквадор во живо го следеле 67.000 луѓе, соопштија по него организаторите. Проблемот е што стадионот Ал Бајт може да прими 60.000 од нив и јасно се виде дека на полувремето е прилично празен.

Победата на Холандија против Сенегал од трибините ја следеа 41.721 навивачи. 40.000 стојат на трибините на стадионот Ал Тумама.

ПретходноКуманово пред дуелот со МЗТ Скопје се раздели со Американецот Кели!
СледноСрбин кој играл со Марк Гасол го засили МЗТ Скопје