Денеска во просториите на РФМ се одржа ждрепката по повод првото коло од оводогинешното издание на Купот на Македонија во ракомет.
Со оглед на фактот што ждрешката беше полудиригирана, немаше можност да се паднат суперлигаши меѓусебе, туку само со екипи од понизок ранг на натпреварување.
Освојувачот на Куп трофејот од минатата сезона Вардар стартува против Мулти Есенс, додека Е. Пелистер ќе се соочи со Текстилец. РК Алкалоид ќе игра против Астраион, додека Бутел ќе се сретне со Јехона.
Натпреварите ќе се одиграат на 10/11 декември.
Куп на Македонија 1. коло:
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија
Тиквеш – Кичево
Јуниор КВ – Драчево
Алкалоид – Астраион
Голден Арт – Овче Поле
Аеродром – Пролет
Младост Богданци – Охрид
Скопје – Бисинов
Радовиш – Преспа
Вардар – Мулти Есенс
Еурофарм Пелистер – Текстилец
Јехона – Бутел Скопје
Струга – Македонија Ѓорче Петров
Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
Куманово – Голден Арт 2
Прилеп – Металург РА