Милвоки им се врати на победите по поразот во минатото коло, на домашен терен го совлада Портланд со 119-111. Бакси го запишаа 12 триумф оваа сезона, со два порази се наоѓа на второто место во Источната конференција.
Главната улога на теренот ја имаше грчкиот ѕвер Јанис Адетокумбо постигна 37 поени, седум скоа и шест асистенции. Овој дуел го одблежа монструозното забивање на Адетокумбо преку босанскиот кошаркар, Јусуф Нуркиќ.
🤯 GIANNIS EXPLODES TO THE RIM
The @Bucks lead by 2 at the half on the NBA App
📲 https://t.co/1pomQZMAZK pic.twitter.com/EtsRkV7XkW— NBA (@NBA) November 22, 2022
Серијата од девет победи во низа на Бостон ја заврши Чикаго, славеше со 121-107 пред своите навивачи. Вучевиќ и Дероузен со по 20 поени беа први стрелци кај победникот, Џејсон Тејтум со 28 поени беше најдобар кај Бостон.
И покрај поразот Селтикс останаа на врвот на табелата во Источната конференција со скор од 13/4, додека пак Чикаго е на 11-ти во овој поредок.
Резултати: Кливленд – Атланта 114-102, Индијана – Орландо 123-102, Чикаго – Бостон 121-107, Милвоки – Портланд 119-111, Минесота – Мајами 105-101, Њу Орлеанс – Голден Стејт 128-83, Оклахома – Њујорк 119-129, ЛА Клиперс – Јута 121-114.