Откако Манчестер Јунајтед објави дека клубот и играчот ќе се разделат, Роналдо излезе со изјава која беше објавена на социјалните мрежи. Во неа тој ја истакна својата љубов кон клубот и навивачите, но тврди дека сега е време да побара нов предизвик.
„По разговорите со Манчестер Јунајтед заеднички се договоривме предвреме да го раскинеме договорот. Го сакам Манчестер Јунајтед. И ги сакам навивачите, тоа никогаш нема да се промени. Сепак, се чувствувам дека е вистинско време за мене да барам нов предизвик. Му посакувам се најдобро на Манчестер Јунајтед“, напиша Роналдо.