Фенер го доби дербито со Монако, Ц. Звезда триумфално кај Алба

111

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин со 88:84 и со тоа го постигнаа третиот триумф во новата сезона во Евролигата. Вечерва на гостински терен, „црвено-белите“ ја продолжија серијата порази на германскиот гигант, кој шести натпревар по ред не успева да победи. Избраниците на Душко Ивановиќ, пак, ја прекинаа серијата од седум последователни победи на Алба во меѓусебните дуели со белграѓани. Недовиќ со 17 поени беше најефикасен кај Ц. Звезда.

Фенербахче во едно од најголемите дерби сезонава досега, славеше на гостински терен против Монако со 93:96 во неизвесна завршница. Фенер одигра брилијантно во поголемиот дел од натпреварот, имаше дури 17 поени предност на стартот од последниот период, но потоа падна и му дозволи на Монако да се врати во мечот.

Кај домаќините Лојд постигна 18 поени, додека кај Фенербахче Хејс-Дејвис имаше 21.

ЕВРОЛИГА – 9. коло

Монако – Фенербахче 93:96

Алба – Ц. Звезда 84:88 (пр.)

Макаби ТА – Олимпијакос 90:84

Милано – Анадолу Ефес 51:80

Валенсија – Реал (М) 73:80

Барселона – Партизан

 

ПретходноГлејзер наскоро го ставаат Манчестер Ј. на продажба?
СледноМендеш тргна во акција, го носи Роналдо во Челзи?