Анчелоти ќе навива за Канада, објасни зошто!

204

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги изненади повеќето кога во април откри дека на Светското првенство ќе навива за Канада. Италијанските медиуми пишуваат дека повеќето Италијанци ќе навиваат за Аргентина откако Италија не се пласираше во Катар по поразот од Македонија, но меѓу нив нема да биде Анчелоти.

“На Светското првенство ќе навивам за Канада. Ги немаше долго време. Канада е мојот втор дом. Исто така, претседателот на Канадската фудбалска асоцијација е од Абруцо, така што сите ќе навиваме за Канада”, изјави Анчелоти, кој е оженет со Канаѓанка.

Анчелоти неодамна откри дека еден ден би можел да биде на чело со канадската репрезентација.

“По ова поглавје во Реал Мадрид, веројатно ќе се пензионирам. Но, ако Реал сака да останам овде десет години, ќе останам уште десет години. Преземањето на националниот тим во иднина може да биде опција. Канада? Зошто да не, би сакал“, изјави Италијанецот кој никогаш во кариерата не ја водел репрезентацијата.

Од клубовите ги водеше Реџана, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Баерн, Наполи, Евертон и Реал Мадрид.

ПретходноМерит Хемпе: Македонија прекрасно ме прифати
СледноДалиќ: Немавме храброст, и се плашевме да не примиме гол