Раул Гонзалес си оди од ПСЖ, Унгарија нова дестинација!

583

Тренерот со кој Вардар за првпат се искачи на тронот на Европа ќе го напушти ПСЖ. Раул Гонзалес во редовите на францускиот првак дојде во 2018 година, а оваа сезона ќе биде последна за него.

Нова дестинација на „Ел Команданте“ ќе биде Пик Сегед, велат неофицијалните информации. Хуан Карлос Пастор заедно со Марко Кривокапиќ по завршување на сезоната ја завршуваат својата мисија. Па број еден кандидат е токму Гонзалес, како второ име кое се споменува е актуелниот тренер на Динамо Букурешт и селектор на Ронамија, Хавиер Пасквал.

Останува да видиме дали Раул навистина ќе се раздели со ПСЖ, тим кој се уште сонува за титулата во Лигата на шампиони.

ПретходноМендеш тргна во акција, го носи Роналдо во Челзи?
СледноДенеска на Мундијалот: Модриќ и другарите против Мароко, ќе ги видиме и Германија, Шпанија и Белгија!