Триумф над Сан Марино за финиш на квалификацискиот турнир

557

Македонската репрезентација до 19. години по двата порази од Србија односно Норвешка, денеска обезбеди триумф од 2:0 и на тој начин го финишираше квалификацискиот турнир во Скопје со три бода и трето место.

Стрелци на головите за нас беа Трајков во 36. односно Назифи во 90. Македонија на овој дуел доминираше и сосема заслужено обезбеди триумф против аутсајдерот во групата.

Од друга страна Србија ја совлада Норвешка со 2:0 и со девет бода го освои првото место.

 

ПретходноКалин обезбеди 1/8 финале во Мадрид
СледноНе го заборава стариот клуб: “Какво изненадување“ – Барди во посета на Леванте! (ВИДЕО)