ФИФА покрена постапка против Еквадор!

3701

ФИФА отвори дисциплинска постапка против Еквадор поради навредливи песни од страна на навивачите на дуелот против Катар на отварањето на Светското првенство.

ФИФА покренува постапка во согласност со член 13 од Дисциплинскиот правилник, за „навреда на достоинството или интегритетот на земја, личност или група со испраќање непријателски, дискриминаторски и навредливи зборови“.

За ова прекршување казната е „суспензија од десет натпревари“ доколку станува збор за играч или официјално лице, како и парична казна „од најмалку 20.000 швајцарски франци“ (20.400 евра) и натпревар зад затворени врати доколку казната се однесува на некоја национална федерација.

ПретходноХоландскиот селектор ја повика сопругата на с*кс, ги заборави камерите (ВИДЕО)
СледноПеп Гвардиола на чело на Манчестер Сити до 2025 година!