Хрватска лоша, Мароко извлече „нула“

137

Репрезентацијата на Хрватска, финалистот од претходното светско првенство во Русија на стартот на ова, во Катар одигра само 0:0 против репрезентацијата на Мароко.

Иако се очекуваше стартен триумф на еден од фаворитите за висок пласман, овојпат Хрватска не успеа да ја покаже својата сила, затоа што одигра далеку под нивото. Не создаде доволно шанси, оние кои ги имаше особено во првиот дел не ги искористи, па резултатот е тој што е .

Мароко од друга страна силен, цвртс, со намера да издржи и го стори токму тоа. Освои бод, вреден како победа што се вели на стартот на Мундијалот, и шанса за историски пласман во Катар.

 

ПретходноБитолчани се пофалија, готова е новата трибина на „Петар Милошевски“
СледноВардар и Комити вечерва го слават јубилејот