ФК Вардар слави 75. години, а неговите верни Комити 35. години од своето постоење. По тој повод вечерва од 19:30 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, на ревијален натпревар ќе гостува еден од легендарните тимови од бивша Југославија, и лут ривал на Вадар со децении, ФК Железничар од Сараево.
Подготвена е голема фешта, односно спектакл во кој секако главна улога ќе имаат навивачите на Варда, Комитите, кои со месеци се подготвуваат за овој настан.
Кампањата која претходеше на овој јубилеј, и воедно ревијален настан ќе биде успешна затоа што се најавени десетина илјади навивачи кои заедно со својот омилен ФК Вардар ќе го проаслават овој голем ден за клубот.