Репрезентацијата на Хрватска не успеа на отворањето на Мундијалот во Катар да безбеди три бода. Одигра 0:0 денеска против Мароко, и ќе мора во следните два дуели против Белгија, односно Канада да бараат уште бодови за пласман во елиминационата фаза.
„Очекувавме тежок меч. Противникот беше цврст, чекаше шанса за контранапад, а ние се плашевме дека ќе ја изгубиме топката. Игравме со посед, контролиравме топка, но ни недостасуваше убоитост. Сега, мора до крајот да освоиме уште минимум четири бода за да ја освоиме групата. Мароко беше добар денеска, а ние одиме понатаму.
Се одлучивме за поискусни играчи денеска во одбраната. За жал немавме среќа со повредите. Мора да замерам околу одлучноста и убоитоста. Ни недостасуваше и храброст. Ни беше тешко. Поинаку е сега тука во Катар отколку во Русија. Сега на сите сме им мета. Немаме за што да жалиме, одиме понатаму“ – изјави селекторот на Хрватска по мечот со Мароко, Златко Далиќ