Денеска на Мундијалот: Модриќ и другарите против Мароко, ќе ги видиме и Германија, Шпанија и Белгија!

238

 

Во очекување сме на четири супер-интересни мечеви на СП во Катар. По се она што го видовме вчера, посебно по поразот на Аргентина од С. Арабија, денеска на Мундијалот ќе настапат дури четири селекции кои се аспиранти за висок пласман.

Денот почнува со мечот меѓу Мароко и Хрватска (11:00 ч). “Коцкестите“ се актуелни вицешампиони, повторно имаат одлична селекција, и на ова СП ќе уживаме во игрите на Модриќ и другарите.

Од 14:00 часот следува дуелот Германија – Јапонија. “Панцерите“ можеби за првпат во историјата на СП немаат супер – ѕвезда, но затоа имаат млади “лавови“ кои и тоа како знаат што треба да направат. Зарем некој се сомнева во една Германија и селекторот Ханси Флик?

Шпанија е голема непознаница. Имаат квалитет, младост, имаат и искуство, но….ех, тоа но. Можеби првиот меч против Костарика (17:00 Ч) ќе ни покаже и докаже што може „фуријата“ на овој Мундијал.

Денот го завршуваме со натпреварот меѓу Белгија и Канада (20:00 Ч). Се знае кој е фаворит, се освен на триумф на Азар, Лукаку, Де Брујне и компанија ќе биде голема сензација.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА:

11:00 Ч

ГРУПА-Ф (1.КОЛО)

МАРОКО – ХРВАТСКА

Стадион: Ал Бајт (Ал Кор)

 

14:00 Ч

ГРУПА-Е (1.КОЛО)

ГЕРМАНИЈА – ЈАПОНИЈА

Стадион: Калифа Интернационал (Доха)

 

17:00 Ч

ГРУПА-Е (1.КОЛО)

ШПАНИЈА –КОСТАРИКА

Стадион: Ал Тумама (Доха)

 

20:00 Ч

ГРУПА-Ф (1.КОЛО)

БЕЛГИЈА –КАНАДА

Стадион: Ахмад бин Али (Ал Рајан)

ПретходноРаул Гонзалес си оди од ПСЖ, Унгарија нова дестинација!
СледноНавивачите во Катар со луди идеи, на секој начин се обидуваат да внесат алкохол!