Гана утре против Португалија ќе го одигра првиот натпревар на СП 2022. Пред турнирот во Катар Гана одигра пријателски меч со Бразил во Франција, а играчот на африканската екипа Мохамед Кудус изјави дека не гледа разлика меѓу него и бразилската ѕвезда Нејмар.
„Не е подобар од мене. Тој е само попознат и толку“, изјави играчот на Ајакс.
На тој меч Бразил победи со 3:0, а Кудус сака реванш.
„Можеме пак да се сретнеме. Јас против него – втор дел“, се пошегува на крајот 22-годишниот играч на Гана.