Франција никако не може да дигне глава од проблеми. Списокот на повредени играчи од ден во ден станува се поголем. Откако актуелниот светски првак остана без Карим Бензема, Маињан, Кимпембе, Канте, Погба и Нкунку, сега до крајот на првенството нема да го гледаме ниту Лукас Ернандес.
Овој фудбалер се повреди на вчерашниот дуел против Австралија, според последните информации ги скинал предните вкрстени лигаменти. Тој не само што не може да и помогне на Франција, тој до крајот не сезоната нема да се врати во редовите на Баерн.
Предовдникот на „триколорите“, Дидие Дешамп веќе нема право да измени и дополнителен повик на друг играч, единствен лев бек е братот на Лукас, Тео.