Фабио Коентрао беше поранешен репрезентативец на Португалија кој ги закачи копачките во 2021 година после престојот во Рио Аве. Сега е без ангажман и ужива во животот, а пред настапот на Португалија на СП 2022 го бранеше својот пријател Кристијано Роналдо.
„Не планирав да зборувам за ова, но морам. Некои поранешни фудбалери кои ништо не направиле во кариерата, кои биле подпросечни фудбалери, се дрзнаа да зборуваат за Кристијано Роналдо. Зборуваат за него, му наоѓаат мани, како тие да освоиле се што може во фудбалот“, изјави Коентрао за порталот „Relevo“.
Се уште се зборува за ладниот однос меѓу Роналдо и Бруно Фернандеш во португалскиот национален тим, се зборува за тоа, а Коентрао изјави.
„Не верувам дека Роналдо и Фернандеш не се сложуваат. Едноставно не верувам во тоа затоа што знам колку прекрасна личност е Роналдо. Сакам на СП да блесне и да им ги затне устите на сите. Тој има уште што да понуди“, додаде поранешниот бек на Реал Мадрид.
FOTO>Twitter